РФМ не е „бунар без дно“ – треба да сме пореални во барањата

Дали ќе има повисоки судски и делегатски такси во иднина ќе зависи од тоа како ќе реши УО на РФМ. Тие ќе треба да решат за ова прашање откако Собранието на РФМ смета дека тоа е работа на УО.

Здруженијата на судии и делегати доставија барање за зголемени такси. Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов смета дека сите чинители во ракометот треба да бидат пореални во своите барања, и за ова прашање да се изјаснат и самите клубови, односно дали тие се подготвени да партиципираат.

„Не сме во позиција на незнам какво располагање на средства. Одредени барања за некои работи да се покачат за 50 отсто, треба да сме пореални, да работиме партнерски и колку кој може да придонесе. Најлесно е да се каже кој колку сака, но можеме да го споредиме и просечните плати во земјите. Треба на секого да му се вреднува трудот, и сите засегнати страни во ракометот да имаат свој придонес во приказната. Ова е точка за УО на РФМ. Tреба да се има мерка во тоа што се бара, да не се оди со максималистички барања што не можеме да ги спроведеме. Толку е силата на РФМ, сме дале 11 милини средства што се дадени од разни страни. Ако некоиј мисли дека е малку, а тоа порано го давале клубовите, мислам дека не е така, се обрати Мукaетов до членовите на Собранието..

Генералниот секретар на РФМ, потврди дека од 2017 година се покриваат судиските и делегатски такси во женската лига, а во 2020 година и кај машките.

Здруженијата на судии и делегати ќе треба да се обратат до УО на РФМ, и тие ќе решат дали може да се издржи или не.

Судиите бараат поголеми такси и редовно плаќање од РФМ