РФМ ќе организира каравани низ Македонија за популаризација на ракометот

Еден од плановите на РФМ е во иднина да имаат повеќе посети на новеќе градови, каде децата ќе се запознаат со нашите звезди, со ракометот и да се поттикне желбата за играње ракомет.

Во план е организација на ракометни каравани низ Македонија, а стартот ќе биде во Охрид во септември.

„Караванот би почнал во ЕХФ неделата во Охрид во септември, таму ќе бидеме лоцирани со сениорскиот тим, главна цел е да допреме со информаци и да ја потикнеме желбата на децата од 8 до 12 години да почнат да тренираат. Од февруари- март да почнеме со мини ракомет натпревари“, потврди генералниот секретар Влатко Тасевски.

Планот на РФМ е да се посетуваат сите градови низ Македонија.

„Планот е 2-3 града месечно, ќе имаме гости, ракометни легенди, ќе им се објаснуваат правила на децата, да почнат да тренираат. Важно е да почне да се поттикнува младинскиот ракомет“, продолжи Тасевски.

Ќе има промени во системите на натпреварувања во младинските категории.

„За младински категории имаме, системите допрва ќе се дефинираат, сите се ограничени со финаниси, и затоа гледаме да најдеме што е најдобро за клубовите, но и за играчите. Мораме на младите да им дадеме повеќе натпревари, само така ќе останат во сала и ќе играат ракомет“, заврши Тасевски.