Денеска на седницата на Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија, беше потврден терминот за Редовното годишно собрание, кое во 2025 ќе биде изборно.
Тоа е закажано за 1 март, а тогаш македонската куќа на ракометот ќе добие нов претседател, бидејќи се уште актуелниот, Живко Мукаетов, не може да се кандидира третпат по ред.
Во ракометните кулоари има три имиња кои би можеле да се најдат на гласачкото ливче – Александар Стефанов, Горан Ѓоргоновски и Драган Начевски.
Едно е сигурно дека после 2009 година, сега ќе има првпат вистински избори, со повеќе кандидати кои ќе презентираат и ќе имаат програма.