РФМ испрати судии на „ладење“ 20 дена

Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија донесе неколку одлуки за натпреварот меѓу ГРК Овче Поле 1958 и РК Јехона, одигран во рамките на Првата машка лига. Средбата заврши со победа на домаќините од 39-32. По мечот гостите реагираа, најмногу на социјалните мрежи за однесувањето на официјалните лица. Средбата заврши со пет црвени картони.

РФМ донесе одлука меѓу оние што ќе добијат казан да бидати судиите. На судиската двојка Марко Огњановски и Дамјан Савиќ им е изречена дисциплинска санкција — забрана за вршење на функција во траење од 20 дена, согласно Кодексот и Дисциплинскиот правилник на РФМ.

Санкции добија и играчи од тимот на Јехона. Ракометарот Мојсе Тасески е суспендиран на четири првенствени или куп натпревари, додека неговиот соиграч Стефан Маринкоски ќе паузира еден натпревар.

Казна доби и домашниот клуб ГРК Овче Поле, кој е опоменат поради прекршоци во организацијата на мечот.

🎥 Пет црвени картони во Свети Николе на дуелот меѓу Овче Поле и Јехона!