Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за именување на четворица нови селектори на националните тимови кои ова лето ги очекуваат големи предизвици.
Некогашниот селектор на сениорките, Симе Симовски, се враќа во националниот тим како предводник на младинската селекција која ја очекува настап на ЕП во Црна Гора.
Поранешната репрезентативка Даниела Новеска, ќе биде селекторка на кадетската репрезентација што исто така летово ќе биде од кадетското ЕП во Црна Гора.
Селекциите што ќе настапат на Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје ќе бидат предводени од Горан Кузманоски (машка) и Даниела Новеска (женска).
Славиша Димитријески, во моментов тренер на Куманово е именуван за селектор на женската пионерска репрезентација.
Покрај овие четири селекции, ова лето предизвик со настап на Мундијал ќе има и машката младинска селекција предводена од Раде Стојановиќ.