Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер што ќе го одлучува шампионот а Македонија ќе остане запишан како последен во делегатската кариера на легендарниот Драган Начевски.
Поранешниот судија, а сега делегат доби признанија од претседателот на Ракометната федерација на Македонија и од Вардар.
Претседателот на РФМ, Александар Стефанов и почесниот претседател на Вардар, Михајло Михајловски му се заблагодарија за досегашната работа.
Тој поради старосната граница поставена од ЕХФ и РФМ нема да може во иднина да биде делегат, па ова ќе биде негов последен ракометен меч на кој ќе биде дел од официјалните лица и ќе седи на записничката маса. Повторно ќе биде дел од меч кој е решавачки.