Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за тимот на Металург РА, кој не ги одигра последните шест кола од прволигашкиот плеј-оф.
РФМ го исклучи Металург РА од Првата лига, па сите неодиграни натпревари беа регистрирани со 10-0 за противниците, како и по минус еден бод за Металург РА.
Казна има и за одговорното лице на клубот – суспензија од три години, и му се забранува да пријави нов клуб во натпреварувањата под капата на РФМ во следните три години.
„РК Металург РА од Скопје, СЕ ИСКЛУЧУВА од натпреварувањето во прва машка лига за
тековната сезона 2024/2025, согласно член 22 ст.1 од Правилникот за организација, учество
и спроведување на ракоментни натпревари на РФМ. Преостанатите натпревари од
тековната сезона ќе се регистрираат со службен резултат 10:0 за противникот и (-1) бод по
натпревар за санкционираниот клуб.
На одговорното лице на РК Металург РА од Скопје, МУ СЕ ЗАБРАНУВА да пријави нов
клуб и да врши дејност во ракоментниот спорт во траење од 3 (три) години.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
РК Металург РА, како гостин не отпатува и не го одигра натпреварот од 5то коло од прва
машка лига плеј оф помеѓу РК Вардар Неготино – РК Металург РА, на ден 07.05.2025.
РК Металург РА не го организираше и не го одигра натпреварот од 6то коло од прва машка
лига плеј оф помеѓу РК Металург РА – РК Македонија Ѓорче Петров, согласно коло 6
(10/11.05.2025)“, се вели во одлуката на дисциплинците на РФМ.
Оваа сезона, од Супер лигата беше исклучен Борец ФЛ, додека од Женската лига беа исклучени Гевгелија и Скопје.