Откако „преку ноќ“, додека речиси сите екипи беа на одмор, Ракометната федерација на Македонија им ги прати на клубовите новите пропозиции и го сменија системот за натпреварување, клубовите го дигнаа гласот и кажаа „НЕ“ за новиот предлог.
РФМ им даде рок на клубовите до денеска да се изјаснат за предлозите, но истовремено ја закажа и ждрепката за новата сезона според новиот систем што тие го предлагаат, а треба да биде на 7 август. Тоа укажува на можноста РФМ воопшто да не ги земе предвид забелешките на клубовите и повторно без согласност од клубовите и Собранието на РФМ да направи измена на системот на натпреварување.
Редакцијата на 24ракомет контактираше повеќе од екипите од женската лига, кои потврдија дека не се согласуваат со предлогот на РФМ, и дека за истото писмено е известена Натпреварувачката комисија на РФМ. Очекуваат РФМ да го повлече спорниот тпредлог и да се продолжи според сегашниот систем, а да се разговата за во иднина да има некоја промена, доколку клубовите тоа го сакаат и сметаат дека е добро.
Аргуентите на клубовите се дека е непрофесионално три сезони по ред да се менува системот, и без притоа да се свика Конференција на клубовите и да се разговара за потребата и придобивките од истото. Ова е направено без консулатација на клубовите кои се најважниот дел, а не Натпреварувачката комисија која нема слух за потребите на клубовите, и наместо да се разговара за развој на женскиот ракомет се измислуваат лоши решенија.
Дел од клубовите сметат дека намерно се врши рангирање на екипите по групи, заради фавориизрање на некои екипи, притоа не се зема предвид фактот што има повеќе екипи кои се надвор од Скопје и тие би имале повисоки трошоци во сезоната. Ако веќе мора да има групи, тогаш сите да бидат во ист шешир, па „кому ќе му се падне среќата“.
Од друга страна лош е предлогот во плеј-офот, првопласираните екипи да пренесуваат по еден бод, додека второпласираните ниту еден. Така се девалвира трудот на оние што ќе бидат најдобри во првиот дел од сезоната, бидејќи имаат само еден бод предност. Шесте екипи потоа меѓусебе ќе одиграа по четири натпревари, двокружно, односно вкупно 20 натпревари.
Во плеј-аутот, третопласираните од група пренесуваат два, четвртопласираните по еден, а последните ниту еден. Деветте екипи од плеј-аутот ќе разигруваат еднокружно, односно ќе одиграат 18 натпревари.
Клубовите сметаат дека во најмал арака сезонава треба да остане овој систем на играње, или да се направат две групи од по 8 екипи со цел да се сконцентрира квалитетот.
Сега на потег е РФМ, да ги прифати предлозите да клубовите и да заборави на вакви „екскурзии“ во иднина.