На Конгресот на Светската ракометна федерација беа доделени голем број признанија за успешни организации во минатите четири години.
Ракометната федерација на Македонија доби признание за организацијата на Светското првенство за младинки во 2024 година.
Наградата од страна на претедателот на ИХФ, Хасан Мустафа, му беше доделена на претседателот на македонската куќа на ракометот, Александар Стефанов.
Ракометната федерација на Македонија поднесе апликации за домаќинство на Мундијалите во сите младински категории за периодот меѓу 2026 и 2029 година.

























