Револт во Норвешка: Ракометната федерација потрошила 200.000 евра за проштална забава!

Норвешката ракометна федерација е мета на силни критики поради прекумерната потрошувачка за прошталната забава организирана во чест на долгогодишниот селектор на женската репрезентација, Торир Хергeирсон, и претседателот на федерацијата, Геир Лио.

EП 2024 беше последно првенство за Хергeирсон пред истекот на неговиот договор. Тој не се кандидира за нов мандат и заврши една златна ера во женскиот ракомет.

Но, јавноста не зборува само за спортските резултати. Фокусот падна врз контроверзната тридневна ракометна конференција одржана во мај, која кулминирала со настап на познат локален поп-изведувач. Наместо одобрените 850.000 норвешки круни (околу 71.800 евра), биле потрошени речиси 2,3 милиони круни (приближно 194.000 евра).

Потпреседателот на федерацијата, Ејвинд Индебро, се обиде да ја оправда потрошувачката во изјава за националната телевизија „НРК“.

„Да, тоа е голема сума, точно. Но, ние како организација имаме добри насоки. Претходно одлучивме колку алкохолни пијалаци секој може да добие на трошок на федерацијата.“

Овој став не наиде на поддршка кај локалните клубови.

„Ова е навреда за нас кои секојдневно работиме на терен. Со тие пари можевме да направиме чуда. Тоа е речиси цел наш годишен буџет,“ остро реагираше Ода Шовол од клубот Линдеруд, кој поради финансиски причини откажа да игра во вВтората лига.

Индебро призна дека критиките се легитимни.

„Секако дека има простор за прашања и критики. Но, ракометот е евтин спорт. Имаме програми за субвенции и секој што има потреба, може да аплицира за поддршка.“

Останува да се види дали оваа бурна реакција ќе доведе до промени во начинот на управување со средствата во норвешкиот ракомет, или пак довербата на базата ќе остане разнишана.