Актуелниот прволигаш Радовиш, кој долги години беше дел од Супер лигата, сезонава има амбиции да се врати во елитното друштво по само една година пауза.
За крајот на оваа сезона, в четврток на 21 декември, клубот организира ревијален натпревар меѓу легендите на Радовиш кои ќе играат против актуелниот состав.
Сите љубители на ракометот ќе имаат можност в четврток, да ги видат ракометарите што во минатото го носеле дресот на овој клуб, како и ракометарите што во моментов им носат радости на радовишани.
Најпрво Радовиш ќе се соочи со Металург РА во последната рунда од Првата лига истиот ден, а од 19:30 во СРЦ „25 мај“ ќе се одигра и овој ревијален натпревар.