Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранко Ангеловски во викенд-интервјуто за 24ракомет одговори на прашањето зошто Дејан Манасков не шутирал пенал во финалето од Купот на Македонија, кога битолскиот тим загуби од Алкалоид по изведување на седмерци.
„Малкумина знаат и ме прашуваат, зошто Дејан Манасков не шутираше пенал? Дејан беше петти! Да, и Панчев беше петти, и ако промашеа Белодедиќ и Савичевиќ, немаше да стигне Панчев да шутира пенал. Ние два дена трениравме пенали. Во изборот од седум играчи двата најдобри пеналџии промашија – Кузмановски и Радивојевиќ, така што јас нема што да му се лутам на Ѓорѓоски или зошто Пешевски, Тајник или Манасков не шутирале пред него. Тоа се мои одлуки и јас ја носам одговорноста. Сакам да потенцирам дека ретки се играчите како Манасков. Во 59-тата минута му велам, влегуваш во игра и тој како од пушта стана, а слушам дека имаме играчи кои бегаат од таква одговорност. Манасков го бараше последниот шут, тој воопшто не бега од одговорност“, дециден е тренерот на македонскиот првак Бранко Ангеловски.
Викенд-интервјуто со Ангеловски може да го прочитате подолу.
ИНТЕРВЈУ БРАНКО АНГЕЛОВСКИ: Името Пелистер те тера на резултат, на освојување трофеи