Во Ресен трета година по ред ќе се организира ревијален натпревар под мотото „РК Преспа за Зоки, Були и Котле“ во чест на ракометните легенди од Ресен – Илче Котевски, Булент Ибрахим и Зоран Стојановски.
Ревијалниот натпревар, кој ќе се одржи на 13 јули, со почеток од 19:00 часот во спортската сала „Зоран Стојановски“, ќе биде одигран помеѓу ракометари кои заедно настапувале со Котевски, Ибрахим и Стојановски и актуелната екипа на Преспа поддржана со играчи кој настапуваат во суперлигашкото друштво, а во минатото го носеле дресот на клубот.
На ревијалниот натпревар ќе настапат Владо Недановски, Владо Тасевски, Никола Стојчевски, Мартин Карапалевски, Ласко Андоновски, Ален Ќосевски… и други сегашни и поранешни ракометари и тренери од Преспа.
Специјални гости на настанот ќе бидат поранешните репрезентативци на Македонија, Борко Ристовски, Стојанче Стоилив и Гоце Георгиевски.