Освојувачот на двојната круна, Ѓорче Петров, почнува со склопувањето на играчкиот мозаик за наредната сезона. Амбициите остануваат исти, но сега кадарот ќе го сочинуваат најмногу репрезентативки на Македонија.
По Анастасија Трпеска, која се врати по двете сезони во Металург Автокоманда, Ѓорче Петров ги задржа и двете македонски репрезентативки – Катерина Дамјаноска и Ива Велкова.
Двете се обврзаа на нови соработки со актуелниот првак и заедно со Трпеска ќе го сочинуваат триото на пивотменската позиција.
Играчкиот кадар на Ѓорче Петров ќе претрпи големи измени за наредната сезона, но амбициите ќе останат високи и на домашна и на меѓународна сцена.
Ѓорче Петров на крајот на сезоната реши да се раздели со голем број ракометарки, а досега Анастасија Николовска, Петра Јершек и Ива Божиноска се преселија во големиот ривал Металург Автокоманда.