Репрезентативен повик за „моторот“ на Вардар

Селекторот на машката репрезентација на Словенија, Урош Зорман, објави список на 26 ракометари за претстојната акција во ЕХФ неделата.

Меѓу нив 19 се од домашното првенство, па Зорман ќе ги проверува нивните можности, а има и седум „странци“.

На списокот се средните бекови на Вардар, Јака Малус и на Еурофарм Пелистер, Домен Тајник, но Тајник многу веројатно нема да биде во комбинација бидејќи се опоравува по операцијата на слепо црево.

Словенците само ќе тренираат во базата во Зрече без пријателски натпревари, а во мај ги очекува двобојот со победникот од Црна Гора – Финска за пласман на Мундијалот во Германија наредната година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rokometna zveza Slovenije (@rzs_si)