Македонската репрезентација по напорното патување вчера пристигна во данскиот град Силкеборг, кој ќе биде база уште денеска.
Селекторот Лазаров го откажа планираниот тренинг и им даде слободно попладне на неговите момци, но денеска ќе се продолжи во турбо ритам.
Претпладнево ќе има тренинг во теретана, а вечерва ќе се тренира стандардно во сала, по што македонската експедиција утре ќе се упати кон Хернинг.
Утре ќе биде одигран и последниот пријателски натпревар пред ЕП против данскиот прволигаш Митјиланд.
ЕП го стартуваме на 16 јануари против Данска во 20:30 часот.
























