Машката репрезентација на Македонија ќе го има првиот собир на 22 декември кога ќе биде означен стартот на подготовките пред ЕП 2026.
Потоа се заминува за Пореч, каде селекцијата ќе има заеднички тренинзи со светскиот вицепрвак Хрватска, а ќе биде одигран и пријателски натпревар на 28 декември.
Следува камбек во Скопје, каде ќе се тренира до заминувањето за Винтертур на 7 јануари. Таму на 8, 9 и 10 јануари, Македонија ќе биде дел од „Жолтиот Куп“ и ќе игра против Швајцарија, Бахреин и Украина.
Оттаму се заминува за Данска, каде веројатно ќе биде одигран уште еден тест натпревар против репрезентација или клуб.
Македонија е во група со Данска, Романија и Португалија, а натпреварите ќе ги игра во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг на 16, 18 и 20 јануари.
Македонија и светскиот вицепрвак на двобој пред Нова Година!
Македонија со три теста пред ЕП – ќе игра на турнир во Швајцарија
























