Реновираниот состав на Тиквеш стартуваше со тренинзи

Тимот на Тиквеш од Кавадарци ги започна подготовките за новата сезона во суперлигашката конкуренција.

Дури 12 ракометари си заминаа од Кавадарци, а нивните места се надополнети со странци и со млади домашни ракометари.

Избраниците на Кристијан Грчевски ќе тренираат во Кавадаррци, а кон средината и крајот на август следуваат настапи на турнирите во Струга и Прилеп.

Кавадарчани се засилија со четворица странци – голманот Василије Печурица, пивотот Гиорги Гришикашвили, десните бекови Аугусто Аранда и Мохамед Ахмед Ел Масри, како и Томче Стојановски, кој дојде од Вардар и Александар Симоновски од Аеродром.

Капитенот Страхиња Симиќ се враќа по повредата, а во Кавадарци останаа Марјан Велков, Мартин Манасков, Димитар Коцев, Мартин Димовски, како и младите Блашко Бакев, Димитриј Ангелов, Матеј Петрески, Мартин Тодоров и Мики Лазов.