По освојувањето на рекордната 19. титула во словачкиот шампионат, во таборот на Татран Прешов следуваше значителна реконструкција на тимот.
Голманот Игор Чуприна, одлучи да стави крај на својата професионална кариера, а покрај него, клубот го напуштија и четворица странски играчи – Јосдани Риос, Никола Маливојевиќ, кој не ги оправда очекувањата и имаше административни проблеми, како и Гашпер Хорват, кој имаше проблеми со повреда.
Од домашните сили, на Патрик Хрушчак му заврши договорот, Данил Радченко изненадувачки одлучи да се повлече од ракометот и покрај активниот договор, додека Томаш Фех си замина поради слаба форма. Младите Јан Кристијан Крок и Марош Варга одлучија да продолжат со студии надвор од Прешов и го напуштија клубот.
Новајлии во тимот се голманот Данило Михаљевиќ, средниот бек Андреј Добрковиќ, десниот бек Тим Богданиќ, како и пивотот Алексеј Ушал.
Татран Прешов ќе биде дел од Лигата на Европа и ќе игра директно во групната фаза.