Екипата на ПИК Сегед за следната сезона планира да го промени играчкиот ростер, односно да направи освежување во тимот, па така раководството на клубот планира неколку квалитетни засилувања.
Според пишувањата на „RTH Handball“, четворица ракометари се споменуваат како потенцијални засилувања во клубот од Сегед.
Станува збор за соиграчот на Филип Талески од Бенфика, левото крило Мигел Санчез Мигалон, потоа ѕвездата на Фарски Острови, средниот бек Оли Митун, кој има само 18 години, средниот бек на Елверум, 22-годишниот Тобијас Грондал, и голманот на ГОГ, Тобијас Тулин.
По завршувањето на оваа сезона, на дури 12 ракометари во ПИК Седед им истекуваат договорите, а како што е познато на излезна врата се наоѓаат Лука Степанчиќ, Деан Бомбач, Глеб Каларас, Миклер Роланд, Борут Мачковшек, Мартин Наѓ, Мигел Мартинс…
ПИК Сегед во следната сезона од клупата ќе биде предводен од шведскиот двоец Михаел Апелгрен и Јонас Калман.