Ремонт во „Блауграна“ – Десет ракометари заминуваат од Барселона!

По мечот со Виља Де Аранда, на кој Барса го доби шампионскиот пехар во Асобал лигата, каталонскиот гигант подготви подароци за десетмината кои заминуваат од „Блауграна“.

Покрај двете деца на Барса, Аитор Арињо и Гонзало Перез Де Варгас, кои се селат во Фуксе Берлин, односно Кил, уште седум членови на Барса ќе имаат нови клубови, покрај Венсан Жерар, кој пак оди во пензија.

Во Веспрем се сели дефанзивецот Тијагуш Петруш, десниот бек Мелвин Ричардсон оди во Висла Плоцк, а левото крило Хампус Ване ќе игра за новиот дански амбициозен проект ХОЈ.

Пол Валера и Хави Родригез, ќе ја заменат Барса за Порто, односно Бенфика, Хуан Паломино ќе остане во близината на Барселона, бидејќи ќе игра за Гранољерс, а не е познат новиот клуб на Хаиме Гаљего.