По триумфот на унгарскиот Веспрем над Магдебург со 34-33 во финалето на Светското клупско првенство во Каиро, ИХФ го прогласи и идеалниот тим.
Во најдобрата седморка се најдоа дури четворица ракометари на Веспрем, а за МВП беше избран десниот бек Недим Ремили.
Ремили постигна 20 гола на четири меча, но подели и 17 асистенции, па беше клучната фигура во Веспрем на Светското клупско првенство.
Покрај најкорисниот играч Ремили, во идеалниот тим се најдоа Родриго Коралес, Лука Циндриќ и Уго Деска.
Меѓу најдобрите има и двајца играчи на Магдебург – левиот бек Гисли Кристјансон и десниот бек Омар Игни Магнусон, а имаше место и за десното крило од Барса, Алеиш Гомеш и пивотот од Ал Ахли, Ахмед Адел.