Речиси распродадена „Борис Трајковски“ – уште само 250 билети за дуелот со Словенија

Македонската репрезентација за време на ЕХФ неделата ќе ги одигра двата квалификациски натпревари против Словенија за пласман на ЕП 2026.

Избраниците на Лазаров најпрво во Скопје на 12 март ќе играат со репрезентацијата на Урош Зорман, потоа на 16 март во Копер двете репрезентации ќе го имаат второто соочување.

За натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ има останато уште 250 билети, па така нашата репрезентација ќе има голема поддршка од трибините. За сите заинтересирани кои сакаат да го проследат натпреварот, билети можат да набават онлајн на следниов ЛИНК.

Македонија квалификациите за континенталниот собир ги стартуваше со победа над Естонија и пораз од Литванија.