Ракометарите на германскиот нисколигаш Бертхајм решија да позираат разголени на клупскиот календар за 2024 година.
Тие се разголија со цел да заработат повеќе финансии од продажбата и тие да ги вложат во развојот на младинските школи, пишува „Билд“.
Клупскиот календар на Бертхајм кој е испечатен во само 360 копии, се продава по цена од 20 евра на клупскиот сајт, а на страниците може да се видат ракометарите во сала, на терен, во соблекувална…
Само половина – 11, од 22 ракометари во првиот тим на возраст меѓу 18 и 32 години позираа за клупскиот календар за 2024 година.