Шпанскиот стратег Раул Гонзалез имаше деби со пораз на официјалните натпревари на српската клупа, откако нашите северни соседи загубија од „фуријата“ со 29-27.
Гонзалез кој мина во Македонија пет години, а беше и селектор на Македонија на две големи натпреварувања – ЕП 2018 и СП 2019.
„На Македонија и посакувам се најдобро, ќе навивам за Лазаров и неговите играчи. Мислам дека Македонија има шанси за втора фаза на овој шампионат, но ќе биде тешко“, изјави Гонзалез по средбата со Шпанија и покажа дека не го заборавил македонскиот јазик иако пред седум години си замина од нашата земја.
Македонија утре против актуелниот светски и олимписки првак Данска го стартува настапот на ЕП.

























