Тимот на ПСЖ е заинтересиран за левото крило на Барселона, Аитор Арињо, пишува „Handball Basse“.
Францускиот првак ги има Матје Гребиј и младиот Лео Плантен, но тренерот Раул Гонзалес посакува да ја засили левата крилна позиција, особено откако остана без Адама Кеита.
Арињо има договор и за претстојната сезона со каталонскиот гигант, но покрај Хампус Ване нема преголема минутажа, па би можел да си замине од „Блауграна“.
ПСЖ е ривал на Еурофарм Пелистер и во новата сезона од Лигата на шампионите и ќе гостува во Битола уште во првата рунда.