Селекторот на машката репрезентација на Србија, Раул Гонзалес, го скрати списокот на 21 ракометар пред стартот на ЕП 2026.
Иако беа на поширокиот спсиок, Илија Абутовиќ и Миљан Пушица, сепак Раул се одлучи за дефанзивецот на Динамо Панчево, Марко Тасиќ.
Меѓу 21 ракометар се тројцата интернационалци од Македонија – левиот бек Урош Борзаш, десниот бек Урош Митровиќ од Вардар и десното крило Дарко Ѓукиќ од Охрид.
На десната крилна позиција друштво на Ѓукиќ ќе му прави идниот вардарец Вукашин Воркапиќ, додека браќата Илиќ ќе бидат тандемот на лево крило.
Гонзалес реши да има голмански квартет – покрај Милосављев и Цупара, тука е Трнавац, како и младиот Кривокапиќ.
Србија е во група со Австрија, Германија и Шпанија и своите натпревари ќе игра во данскиот Хернинг, а подготовките почнуваат на 25 декември во Стара Пазова.


























