Раул Гонзалес и Хуан Карлос Пастор во трка за клупата на Хановер

Германскиот стратег Кристијан Прокоп ќе се раздели со бундеслигашот Хановер на крајот од оваа сезона.

Според „Билд“, во трка за негов наследник се двајца скандинавски и двајца шпански тренери, меѓу кои ќе се бара новиот предводник.

Станува збор за Раул Гонзалес, кој е селектор на Србија и многу веројатно нема да добие дозвола од РСС да работи и во клуб паралелно, како и за Хуан Карлос Пастор, кој долги години го водеше унгарскиот ПИК Сегед.

Меѓу имињата што се споменуваат се и Швеѓаните Оскар Карлен, кој во моментов го води Иштад, како и Патрик Фалгрен, актуелен тренер на Хамарби.

Хановер веќе има добро искуство со шпански стратег, откако Антонио Ортега беше предводник од 2017 до 2021 година.