Раул дебитираше со пораз во Србија, вардарецот и пелистерците дадоа 14 гола!

Шпанскиот стратег Раул Гонзалез дебитираше со пораз на клупата на Србија, откако неговите момци загубија дома од Словенија со 35-34.

Двете селекции имаа големи проблеми со повредени ракометари и настапија со комбинирани тимови, а не играше ниту членот на Еурофарм Пелистер, Ник Хенигман.

Меѓу најефикасните на теренот беа вардарецот Урош Митровиќ, кој даде шест гола за Србија, како и пелистерците Домен Тајник и Нејц Цехте, кои постигнаа шест, односно два гола за Словенија.

Србите водеа во најголем дел од натпревар, на два пати и со четири гола, но до крајот Словенците успеаја да направат комплетен пресврт и да слават.