Новото тренерско засилување на Лајпциг, Раул Алонсо, откри што го мотивирало да ја прифати понудата од Бундес лигата и кои се неговите визии за клубот. Тој лани со Еурофарм Пелистер ја освои титулата во Македонија, и сите очекуваа да остане и да продолжи да го води тимот и во Лигата на шампионите.
Но, тој реши да замине од Битола.
„Не можев да ја пропуштам можноста да тренирам во најдобрата лига во светот. Навистина уживам во тоа што можам да придонесам за развојот на процесите и да го гледам клубот како напредува – ден по ден, година по година, сезона по сезона“, изјави шпанскиот стратег и поранешен тренер на Еурофарм Пелистер.
Алонсо нагласи дека за него е важно тимот да функционира не само на теренот, туку и надвор од него.
„Сакам да уживаме не само во натпреварите, туку и во секојдневието. Во Лајпциг градиме силна екипа која што побргу треба да најде стабилност во структурата и стилот на игра. Тоа е клучен услов за постигнување врвни резултати во Бундес лигата. Целиме да делуваме како едно – тим што нуди игра која ги одразува нашите вредности.“
Алонсо ќе има задача да го врати Лајпциг на стабилен курс во германскиот ракометен врв.