Раул Алонсо договори актер и манекен како ракометен плејмејкер!

Екипата на Лајпциг не сака да ја повтори ланската сезонска драма во Бундес лигата, каде само три победи во втората полусезона завршија на 16-то место на табелата. Спортскиот пад на клубот личеше на драма во некои натпревари, но од сега натаму клубот се надева на повеќе успеси по 60 минути игра.

Каков прв чекор беше ангажманот на нов тренер, а тоа е шпанскиот стратег Раул Алонсо, кој доаѓа од Македонија. Алонсо со Еурофарм Пелистер ја освои шампионската титула.

Ново засилување на клубот ќе биде Блер Хинриксон, кој потпиша двегодишен договор, но навивачите на Лајпциг се прашуваат – во што е Хинриксон подобар, во ракомет или во актерство?

Хинриксон ја започна својата актерска кариера на 14 години со краткометражниот филм „Забава со виножито“. Првата главна улога ја доби во филмот „Огниште“ на режисерот Гудмундур Гудмундсон, а потоа и во драмата „Убави суштества“, која премиерно беше прикажана на Берлинскиот филмски фестивал во 2022 година.

Меѓу другите негови филмови се: „Школки“ (2018), „Од Исланд до Еден“ (2019), „Ѓаволот никогаш не бил убиен“ (2023), како и ТВ-серијата во осум епизоди „Афтурелдинг“ (2023). Хинриксон е исто така и популарен модел на модната сцена во Исланд.

Во Лајпциг, Хинриксон треба да го замени својот сонародник Андри Мар Рунарсон (22), кој го напушти клубот по заминувањето на неговиот татко, Рунар Сигтригсон (53), од тренерската позиција во Лајпциг.