РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ: Пелистерци стартуваат дома со ПСЖ, па следува гостување кај Веспрем!

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска ги доби ривалите во групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите.

Битолчани се најдоа во групата A и ќе играат против екипите на Висла Плоцк, Веспрем, ПСЖ, Фредериција, Фуксе Берлин, Спортинг Лисабон и Динамо Букурешт,

Стартот на новата сезона во елитната конкуренција ќе биде на 11/12 септември, а пелистерци ќе стартуваат со дуел пред својата публика против ПСЖ.

Десет кола од групната фаза ќе се одиграат во оваа 2024 година, додека уште четири ќе бидат на програмата по СП 2025 и ќе заврши на 5/6 март.

Распоред на натпревари, Лига на шампиони, сезона 2024/25:

1 коло, 11-12/09/2024, Еурофарм Пелистер – ПСЖ
2 коло, 18-19/09/2024, Веспрем – Еурофарм Пелистер
3 коло, 25-26/09/2024, Еурофарм Пелистер – Фредериција
4 коло, 09-10/10/2024, Висла Плоцк – Еурофарм Пелистер
5 коло, 16-17/10/2024, Еурофарм Пелистер – Динамо Букурешт
6 коло, 23-24/10/2024, Фуксе Берлин – Еурофарм Пелистер
7 коло, 30-31/10/2024, Еурофарм Пелистер – Спортинг
8 коло, 20-21/11/2024, Спортинг – Еурофарм Пелистер
9 коло, 27-28/11/2024, Еурофарм Пелистер – Фуксе Берлин
10 коло, 04-05/12/2024, Динамо Букурешт – Еурофарм Пелистер
11 коло, 12-13/02/2025, Еурофарм Пелистер – Висла Плоцк
12 коло, 19-20/02/2025, Фредериција – Еурофарм Пелистер
13 коло, 26-27/02/2025, Еурофарм Пелистер – Веспрем
14 коло, 05-06/03/2025, ПСЖ – Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер ги дозна ривалите – еве кои ТОП екипи доаѓаат во Битола!