Од понеделникот започна ЕХФ неделата, во која речиси сите репрезентации ќе имаат собири и тест натпревари.
Ракометарите на БиХ, кои за пласман на Мундијалот 2025 ќе се борат против Португалија, нема да се соберат за ЕХФ неделата.
Бидејќи ракометната куќа на БиХ сѐ уште нема избрано нов селектор, босанските ракометари нема да имаат никаков собир и во двомечот со Португалија ќе влезат без проверка на силите.
Како што е познато, пред извесен период раководството на РСБиХ и довчерашниот селектор Ирфан Смајлагиќ спогодбено го раскинаа договорот.
Токму прекинувањето на соработката со искусниот Смајлагиќ дојде во незгоден момент за БиХ, па така на новиот селектор ќе му претстои тешка работа.
БиХ првиот натпревар со Португалија ќе го одигра на 8/9 мај, додека реваншот на 11/12 мај.