Рапид со прв пораз во ЛШ – Ристовска меѓу најдобрите

Екипата на Рапид Букурешт, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, во натпревар од 3. коло од Лигата на шампионите доживеа пораз од Лудвизбург со 37:29.

Иако романскиот тим беше фаворит на овој натпревар, сепак, шампионот на Германија со расположената голманка Јохана Будсен, дојде до првата сезонска победа во елитното натпреварување.

Македонската репрезентативка беше меѓу најдобрите стрелци во својот тим, во дадената минутажа на теренот постигна три погодоци, додека нејзината колешка Анѓела Јанушевиќ беше најефикасна на натпреварот со осум погодоци.

Ристовска и Рапид Букурешт во првото коло беа подобри од Будуќност, потоа, во 2. коло одиграа реми со поранешниот шампион на Европа, Вајперс Кристијансад.

Во групата Б, освен Рапид Букурешт, се натпреварува и Брест Бретањ на Ива Младеновска. Брест Бретањ во 3. коло на свој терен го совлада Есбјерг со 33:32, а голот за победа на францускиот тим беше дело на Џулиет Фаруе, која погоди од пенал во последната секунда.

На победа се радуваа уште екипите на Ференцварош, Мец, Крим, ЧСМ Букурешт, Оденсе и Ѓер.

ЛШ, 3. коло – жени, резулати
Група А
Никобинг – Мец 27:28 (15:19)
Подравка – ЧСМ Букурешт 28:29 (10:14)
Глорија Бистрица – Крим 30:35 (15:19)
Сторхамар – Ференцварош 21:27 (11:14) 

Група Б
Рапид – Лудвизбург 29:37 (11:19)
Брест Бретањ – Есбјерг 33:32 (16:19)
Ѓер – Вајперс 27:22 (14:9)
Оденсе – Будуќност 31:29 (13:12)