Овој викенд на програмата беа натпреварите од 4. коло од Лигата на шампионите во женска конкуренција.
Екипата на Рапид Букурешт, во која настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, доживеа пораз од Есбјерг.
Ланскиот учесник од Ф4 беше подобар од романскиот тим, триумфираше со 39:32, а десното крило од Македонија беше стрелец на три погодоци.
Брест Бретањ на Ива Младеновска ја продолжи победничката серија, триумфираше над Лудвигсбург со 33:26 и сега има „четири од четири“.
На победа се радуваа уште Ференцварош, Крим, Мец, Вајперс Кристијансад и ЧСМ Букурешт, додека Будуќност успеа да му откине бод на европскиот првак Ѓер.
Лига на шампиони, 4 коло, резултати:
група А
Ференцварош – Глорија Бистрица 32-28
Крим – Сторхамар 25-23
Мец – Подравка 35-31
ЧСМ Букурешт – Никобинг 27-26
група Б
Кристијансанд – Оденсе 26-24
Лудвигсбург – Брест Бретањ 33-26
Есбјерг – Рапид Букурешт 39-32
Будуќност – Ѓер 23-23