ФОТО: Рапид Букурешт

Рапид на Ристовска поразен во дербито од ЧСМ Букурешт

Екипата на Рапид Букурешт, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, беше поразена на дерби дуелот од градскиот ривал ЧСМ Букурешт.

Овие две екипи, кои настапуваат и во Лигата на шампионите, денеска го одиграа натпреварот од 7. коло од романскиот шампионат, а тимот на Адриан Василе триумфираше со 28:24.

Ристовска одигра на посакуваното ниво и во мрежата на домашниот тим успеа да постигне три гола од пет обиди, додека прво име во таборот на Рапид беше репрезентативката на Србија, Анѓела Јањушевиќ со седум гола.

Следен предизвик за тимот на Сара Ристовска ќе биде натпреварот против Брест Бретањ во ЛШ. За романскиот тим ова ќе биде важен дуел, бидејќи во досегашниот тек од сезоната во европската елита на пет натпревари оствари само една победи и едно реми.