Рапид на Ристовска освои голем бод во Норвешка

Екипата на Рапид Букурешт, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, во второто коло od Лигата на шампионите ремизираше во Норвешкај кај  Вајперс Кристијансад, 30:30.

Ристовска во дадената минутажа на теренот успеа да постигне три погодоци од четири обиди. Тимот на Ристовска во првото коло беше подобар од Будуќност, триумфираше со 32:27 и сега на табелата има три бода.

Освен натпреварот Вајперс – Рапид, денеска се одиграа уште три натпревари, во кои победа остварија екипите на Ференцварош, Мец и Крим Меркатор. Останатите натпревари се на утрешната програма.

Ференцварош на свој терен ја совлада Подравка со 33:24, Мец ја оствари првата сезонска победа со триумфот над Глорија Бузау од два гола разлика, 28:26, додека Крим немаше проблеми против Никобинг и дојде до триумф од 35:25.