Покрај ранкингот во сениорска конкуренција, Европската ракометна федерација го објави ранкингот на националните тимови во машка и женска конкуренција во младинските категории.
Кај момците, Македонија се наоѓа на 17 место со 37,5 бодови, а не е некое место погоре затоа што беа пропуштени две светски првенства кај кадетите во 2025 и кај младинците во 2023 година.
Ранкингот се пресметува како просек со бодовите освоени на големите натпреварувања во последните четири години (или во квалификациите), со забелешка дека последните две години учествуваат со 100% во бодувањето (2025, 2024), додека (2023, 2022) учествуваат со 50% во бодувањето и пресметувањето на просекот.
Во ТОП 3 се Данска со 106,5 бодови, Германија со 103 и Шпанија со 100 бода.

Кај девојките, Македонија се наоѓа на 19 место со 30,75 бодови, а не е некое место погоре затоа што беа пропуштени две светски првенства кај кадетките во 2024 и кај младинките во 2022 година.
Ранкингот се пресметува како просек со бодовите освоени на големите натпреварувања во последните четири години (или во квалификациите), со забелешка дека последните две години учествуваат со 100% во бодувањето (2025, 2024), додека (2023, 2022) учествуваат со 50% во бодувањето и пресметувањето на просекот.
Во ТОП 3 се Данска со 105,5 бодови, Унгарија со 101,5 и Франција со 95,75 бода.

























