Раководството на РФМ дел од ЕХФ конгресот во Австрија

Раководството на Ракометната федерација на Македонија, претседателот Александар Стефанов и генералниот секретар Влатко Тасевски, се дел од конгресот на ЕХФ во Андау, што се одржува денеска и утре.

Покрај изборот на претседател, за кој има само еден кандидат – Михаел Видерер, ќе се бираат претседатели и членови на Извршниот Комитет на ЕХФ, Натпреварувачката комисија, Комисијата за ракомет на плажа, потоа за Комитетите за машки и женски репрезентации…

Македонија има можност да добие двајца претставници во комисиите на ЕХФ. Влатко Тасевски е меѓу 13 кандидати за шест места во Ракометниот Суд на ЕХФ, а кандидиран е и Марјан Начевски, кој е меѓу номинираните во Комисијата за жалби на ЕХФ. Таму има 13 кандидати за пет места.

Изборите ќе бидат за периодот од 2025 до 2029 година, а има вкупно 119 кандидати од 37 различни федерации за 49 позиции.