Ракометот од следните Олимписки игри би можел да се пресели од Летните и да се игра на Зимските Олимписки игри.
Меѓу кандидатите за наследник на Томас Бах и најголем фаворит е Себастијан Коу, претседателот на Светската атлетска федерација, а тој најави промени на ОИ.
Според Коу, покрај ракометот уште неколку групни спортови што се играат во сала би можеле да направат „трансфер“.
Тоа значи дека наместо на ОИ во Лос Анџелес во 2028 година, ракомет би можело да се игра на ОИ во 2030 во Франција, па 2034 во Солт Лејк Сити…
И порано имаше вакви шпекулации, но немаше конкретни чекори, а ако Коу биде избран за наследник на Томас Бах, веројатно ќе се остварат најавите.
Тоа значи дека ќе мора да се ревидира и одржувањето на Европските првенства кои се одржуваат во истите години како ОИ, па веројатно ваквиот потег ќе повлече реакции и од страна на ЕХФ, кој веќе ги избра домаќините на континенталните шампионати до 2032 година.