Ракометно лудило на Фарски Острови: 18 чартер летови и најмалку 5.000 „овчари“ во Осло!

Најмалку 5.000 жители на Фарските Острови обезбедија билети за натпреварите на Европското првенство и во наредните денови ќе ја „обојат“ Норвешка во боите на нивната држава.

Навивачите ќе пристигнуваат во Осло, дел со авион, а дел и со бродови. Државната авиокомпанија „Атлантик Ервејс“ ќе организира најмалку 18 чартер летови за Осло за повеќе од 4.000 љубители на ракометот, а повеќе од 1.000 треба да пристигнат со бродови.

Слично како и на ЕП 2024 во Германија, така и сега дури 10% од населението на Фарски Острови ќе се „пресели“ во Норвешка.

Фарски Острови се во група со Словенија, Швајцарија и Црна Гора, но имаат голем број со повредите на Скипаготу и Митун, за кои не е познато колку ќе можат да му помогнат на националниот тим.