Ракометните ветерани од Македонија имаа успешен настап на престижниот турнир што во петокот и саботата се одржа во словенечкиот град Добова.
Македонскиот тим беше дел од групата Е, каде што се сретнаа со ветераните на БАСК Белград, Загреб, Добова и Слобода Тузла.
По настапот во групната фаза, тимот на ветерани од Македонија одигра и меч за пласман на турнирот во Словенија.
Беа забележани две победи, една реми средба и два порази, а следната акција на тимот на ветерани на Македонија би требало да биде во октомври кога во Струга ќе се организира меморијалниот турнир во чест на Toше Проески.