Ракометните херои и хероини добија државни признанија

Министерството за спорт и Владата на Република Македонија денеска ја одржаа свечената церемонија на која беа доделени Национални признанија на најуспешните македонски спортисти, меѓу кои и 17 ракометар(к)и.

Министерот за спорт, Борко Ристовски и премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски им доделија признанија на ракометарите и ракометарките ja радуваа нашата јавност и станаа спортски херои и хероини.

Меѓу нив се оние што освоија титули во Лигата на шампионите со македонски клубови (Кометал Ѓорче Петров и Вардар), како и македонски интернационалци што стигнале до тие титули со странски клубови (Барселона, Будуќност, Шлагелсе).

Од вкупно 22 спортисти кои добија национални признанија, 17 доаѓаат од ракометот – Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Владо Недановски, Петар Ангелов, Марко Кизиќ, Марко Мишевски, Мартин Поповски, Валентина Радуловиќ, Елена Ѓорѓиевска, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Милева Велкова, Анжела Платон, Лариса Кисељова, Елена Златановска Муратовска, Клара Боева.