Ракометниот караван во организација на Ракометната федерација на Македонија по успешниот старт во Охрид, ќе го има своето второ издание.
Следна станица ќе биде Прилеп, каде на 14 октомври со почеток во 12:30 часот во салата „Добре Јованоски“ ќе се одржи вториот караван со мотото „Ракомет – нашата игра, нашиот свет“.
Промотори на настанот ќе бидат двајца прилепчани и една прилепчанка.
Тоа се поранешниот репрезентативец на Македонија, а сега тренер на Бутел Скопје и селектор на кадетите – Горан Кузманоски, потоа левото крило на Прилеп – Димитар Димитриоски, како и некогашната ракометарка, а сега ЕХФ судијка – Силвана Карбеска.
Покрај Охрид и Прилеп, ракометниот караван оваа есен ќе се одржи на уште неколку локации, за кои РФМ дополнително ќе соопшти.