Ракометниот караван продолжува и во Битола со Кузмановски, Митревски, Нацева…

Новиот проект на Ракометната федерација на Македонија – „Ракометен караван“, по Охрид и Прилеп ќе се пресели и во Битола.

По настанот што е закажан во Прилеп на 14 октомври, веќе е познат е терминот и за третиот караван што ќе се одржи во градот од каде што доаѓа македонскиот шампион.

Промотори на овој настан ќе бидат капитенот на Еурофарм Пелистер и македонската репрезентација, Филип Кузмановски, потоа Никола Митревски и Гордана Нацева.

Ракометниот караван во Битола ќе се одржи на 18 октомври со почеток во 14:30 часот во салата „Боро Чурлевски“.