Голем интерес за машкото Светско првенство во ракомет 2027 – само кратко по стартот на продажбата, продадени се повеќе од 100.000 билети.
Логично дека најголем дел од продадените билети се за натпреварите на Германија во Минхен, а во Келн останат е само уште еден дел од билетите за главната рунда со настап на Германија. Побарувачката за билети за Светското првенство 2027, кое ќе се одржи во Германија од 13 до 31 јануари 2027 година е огромна.
„Почетокот на продажбата на билети ги надмина нашите очекувања“, изјави извршниот директор на германската федерација, Марк Шобер.
Натпреварите од групната фаза во Минхен, како и два од трите натпреварувачки дена од главната рунда во Келн, во моментов се распродадени.
За натпреварите на кои не игра Германија во Минхен и Келн, како и за градовите Кил, Магдебург, Штутгарт и Хановер, се уште има билети во продажба.
Дополнителни контингенти билети ќе бидат пуштени во продажба по ждрепката, која се очекува да се одржи во мај 2026 година.
Македонија во зависност од пласманот на ЕП, ќе игра еден или два баражи за Мундијалот во Германија.

























