Од денеска до недела во салите низ Македонија ќе бидат одиграни 22 натпревари од Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.
Кај мажите три од четирите групи имаат свои организатори, па битките за Ф4 ќе се бијат во Кавадарци, Охрид и Скопје, додека кај жените секој ќе игра на домашен терен.
Екипите на Пролет и Голден Арт денеска од 18:30 часот во салата „Македонско Сонце“ го отвораат ракометниот маратон кој ќе трае цел викенд.
В сабота ќе дознаеме два учесника на машкиот Ф4, додека преостанатите два и четирите кај жените, ќе бидат познати в недела.
Завршниот турнир во Купот на Македонија во двете конкуренции ќе се игра од 17 до 19 мај.
Куп на Македонија, мажи, распоред:
група 1 (Кавадарци)
23/3, 12:00, Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш
23/3, 14:00, Прилеп – Мулти Есенс
23/3, 18:00, Еурофарм Пелистер 2/Тиквеш – Прилеп/Мулти Есенс
група 2 (Скопје)
23/3, 14:30, Бутел Скопје – Струга
23/3, 18:00, Алкалоид – Вардар Неготино
24/3, 18:00, Бутел Скопје/Струга – Алкалоид/Вардар Неготино
група 3 (нема организатор)
22/3, 18:30, Пролет – Голден Арт
23/3, 18:00, Радовиш – Вардар
24/3, ?
група 4 (Охрид)
23/3, 10:30, Охрид – Скопје
23/3, 12:30, Еурофарм Пелистер – Куманово
23/3, 19:30, Охрид/Скопје – Еурофарм Пелистер/Куманово
Куп на Македонија, жени, распоред:
група 1 (нема организатор)
23/3, 14:30, Скопје – Металург Автокоманда
22/3, 19:30, Куманово – Стружанка
24/3, ?
група 2 (нема организатор)
Чаир слоб.
23/3, 12:00, Астибо – Овче Поле СУ
24/3, 15:00, Чаир – Астибо/Овче Поле СУ
група 3 (нема организатор)
23/3, 12:00, Шампион – Деспина
22/3, 18:30, Гевгелија – Вардар
24/3, ?
група 4 (нема организатор)
Пелистер слоб.
23/3, 15:30, Спартак – Ѓорче Петров
24/3, ?