Сениорската репрезентација на Македонија денеска отпатува за Романија, каде во градот Браила ќе одигра две пријателски средби против домаќинот.
Селекторот Кире Лазаров на пат поведе 17 ракометари, кои ќе добијат шанса да ги покажат своите квалитети на двете средби.
Првиот натпревар ќе биде одигран утре од 17:00 часот и ќе биде од затворен тип, па селекторите ќе можат да пробаат нови тактички варијанти.
Втората средба е отворена за јавноста, ќе се игра во салата „Данубиус“ со почеток од 16:30 часот и ќе има ТВ пренос.
Овие две средби се дел од подготовките пред бараж двомечот со Фарски Острови за пласман на Светското првенство 2025 година.