Собирот на ракометарите за подготовките за СП 2025 ќе биде в недела рано наутро во 7:30 часот, иако досега немало таква пракса.
По собирот, македонската експедиција веднаш ќе се упати за Стара Пазова, каде што ќе биде осум дена.
На 30 декември, националниот тим ги завршува тренинзите во Србија, па по празниците вториот дел од подготовките ќе се одработи во Македонија.
На 7 јануари следува пат за Хрватска, каде ќе се одигра пријателски натпревар против домаќинот на СП, и последниот дел од подготовките ќе биде одработен во Вараждин.
Македонија е во група со Холандија, Унгарија и Гвинеја, а најдобрите три селекции ќе обезбедат место во главната рунда.
Селекторот Кирил Лазаров денеска го објави скратениот список за СП 2025, на кој ги нема Филип Талески и Мартин Томовски, но тоа не е изненадување за оние што одблиску ги следат случувањата во македонскиот ракомет.
Лазаров избра тим за СП: Без Талески и Томовски на Мундијалот!
Првпат по 16 учества: Македонија без интернационалец на големо натпреварување!