Ракометари „испланирале“ бегство за време на СП? Под истрага и дел од делегацијата!

Петмина репрезентативци на Мароко исчезнале во Полска за време на Светското првенство за младинци, каде играше и Македонија. Тројца избегале за време на подготовките во Италија, додека уште двајца во текот на Мундијалот.

Според мароканските медиуми, двата случаи со марокански спортисти предизвикаа дипломатски и спортски шок во земјата.

Националната агенција за борба против корупција во спортот на Мароко го известила Министерството за образование и спорт, наведувајќи дека станува збор за „спортски и дипломатски скандал“.

Истражителите сомневаат дека постои внатрешна соработка во бегството, бидејќи е идентификуван маж постар од 30 години, кој патувал со младата репрезентација и наводно има врски со мрежи за нелегална миграција.

Мароканската ракометна федерација се соочува со остра критика бидејќи не испратила одговорни лица што ќе се грижат за младите играчи за време на престојот во странство.

Уама Хакауи и Мубарак Месууди, двајцата членови на клубот Итихад, ја напуштиле делегацијата за време на престојот во Болоња пред тимот да продолжи кон Полска. Оттогаш немаат никаква комуникација со федерацијата, а потоа исчезнаа уште тројца чиј идентитет не е соопштен.

Двата последователни инцидента укажуваат на алармантен тренд – користење на меѓународни спортски настани како начин за илегална миграција.

Maроко играше против Македонија на СП за младинци и славеше со 30-26.